Топ Вести

МЕТАЛУРГ ЗАГУБИ ВО УКРАИНА

19.09.2015 21:32
12002953_920403238037065_8721709420248972521_n_resize

za tekst

Екипата на Металург го загуби воведниот натпревар во Лигата на шампионите, против шампионот на Украина Мотор Запорожје. Корпулентните и искусни ракометари на Мотор денеска беа подобри од нашиот млад состав, но не и толку колку што мислеа пред почетокот на оваа средба. Освен при почетното водство на нашиот тим, во останатиот дел од средбата предноста ја имаше домашната екипа, која постојано ни бегаше по неколку гола.

За нашите млади ракометари ова беше одлична можност да стекнат искуство во тешки натпревари од Лигата на шампионите, бидејќи токму неискуството беше нашиот најголем непријател на денешниот меч. Направивме доста технички грешки, често игравме и брзоплето, но во ниту еден момент не не фати паника, која обично ги следи неискусните.

Металург на секоја наредна средба ќе игра се подобро, а таква можност ќе имаме во следните две кола, кога дома ќе ги пречекаме екипите на Кадетен Шафхаузен и на Елверум.

Мотор Запорожје – Металург   30:24 (13:9)

Мотор Запорожје: Бурка 9, Денисов 4, Донцов, Дорошчук, Калараш 1, Комок, Кошови, Козакевич, Кубатко 3, Куриленко 2, Шевелев, Маласинскас 5, Пуховски 1, Шелменко 4,  Жук и Жуков 1.    Седмерци: 0/1.      Исклучувања: 6 минути.

Металург: Дупјачанец 3, Вуковиќ 7, Божовиќ 10, Бувиниќ 2, Костески 2, Крстевски, Кукоски, Кузмановски 1, Маџовски 2, Матиќ 5, Мраковчиќ 1, Палевски, Пешевски 1, Петров, Талески и Велковски.      Седмерци: 1/2.      Исклучувања: 8 минути.

Прочитано 1.603 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 4