Топ Вести

Металург замина на мини-турнеја во Белорусија и Турција

14.11.2017 12:41
slajder_najava_za_vaker_tun_skopje_resize

Денеска рано наутро Металург замина на мини-турнеја во Белорусија и во Турција, каде ќе одигра два натпревари, најпрво со Мешков Брест во СЕХА-лигата, а потоа и со Бешикташ во Лигата на шампионите.

Металург летна од Скопје кон Љубљана, а потоа продолжи за Варшава, каде пристигна околу 8.30 часот. Моментално, нашите ракометари патуваат со автобус кон Брест.

Средбата со Мешков Брест е во рамките на 7. коло на СЕХА-лигата, а се игра утре, со почеток во 19.45 часот по белоруско време, односно 17.45 часот по македонско време. Од оваа средба ќе се врши и ТВ-пренос.

Скопје avion_resize Љубљанаavion_resize Варшава autobus_resizeБрест

Веќе на 16 ноември Металург со автобус ќе отпатува за Минск, а од таму ќе летне за Истанбул, каде ќе пристигне околу 10.30 часот.

Брестautobus_resizeМинскavion_resizeИстанбулautobus_resizeИзмит

На 18 ноември во Измит, гратче оддалечено 90 км од Истанбул, Металург ќе ја одигра средбата со Бешикташ. Овој натпревар е во рамките на 8. коло на Лигата на шампионите и е закажан со почеток во 16 часот.

На 19 ноември Металург се враќа во Скопје.

За само шест дена Металург ќе одигра две тешки средби и ќе мине растојание од околу 4500 км.

Прочитано 4 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 − 1 =