Топ Вести

Металург замина во Маврово

10.08.2016 11:57
_DSC0219_resize

По првата фаза, која мина во Автокоманда, Металург денеска влегува во втората фаза на подготовките за новата сезона, која предвидува висински подготовки во Маврово.

Според предвидената програма, Металург во Маврово, каде ќе остане од 10 до 16 август, за да од 17 до 20 август настапи на тур­ни­рот во Стру­га. Подготовките ќе завршат со учество на турнирот во Кањижа во период од 26 до 29  август.

Во Маврово замина комплетниот тим на Металург, пополнет со јуниорските репрезентативци, кои се вратија од ЕП во Данска, но и со неколку ракометари на Металург 2, кои беа дел и од тренинзите во Автокоманда.

Прочитано 912 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 6 = 13