Топ Вести

Металург замина за Чехово (Русија)

13.10.2017 11:46
GIL_8889_resize_resize

Рано наутро Металург замина за Чехово (Русија), каде утре ќе го одигра натпреварот од петтото коло на групната фаза на Лигата на шампионите, против екипата на Чеховски Медведи.

Металург летна со утринскиот лет за Виена, а потоа продолжи за Москва, каде треба да слета околу 13 часот по наше време. Патот од Москва до Чехово нашите ракометари ќе го минат со автобус.

Навечер, нашата екипа ќе го одржи и својот единствен тренинг пред средбата со Чеховски Медведи.

Оваа средба ќе се одржи утре, со почеток во 16 часот по локално време, 15 часот по македонско.

Средбата се игра во спортскиот комплекс “Олимписки“ во Чехово, со капацитет од 3000 места.

Средбата ќе ја судат судиите од Норвешка, Ларс Јорум и Хавард Клевен, додека делегат ќе биде Тадас Јонсонас од Литванија.

И на овој натпревар Металург нема да може да смета на услугите на нашиот капитен Филип Кузмановски, а тимот на Металург и на оваа средба од клупата ќе го води Александар Јовиќ.

По четири одиграни кола, Металург има три освоени бодови, додека нашиот противник засега забележа четири порази и се наоѓа на последното место во нашата група “Д“.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 8 = 15