Топ Вести

Металург замина за Харков (Украина)

07.10.2017 12:52
DAR_0963_resize_resize

Со летот Скопје – Истанбул, а потоа и Истанбул – Харков, Металург денеска рано наутро замина за Харков (Украина), каде утре го игра натпреварот со Мотор Запорожје од четвртото коло во Лигата на шампионите. Во Харков нашите ракометари ќе пристигнат навечер, па затоа за денеска не е планиран тренинг на екипата.

Металург на средбата со Мотор ќе биде предводен од Александар Јовиќ и ќе биде ослабен поради отсуството на Филип Кузмановски.

Средбата со Мотор Запорожје се игра утре, со почеток во 16 часот по локално време, 15 часот по македонско време.

Оваа средба се игра во спортскиот комплекс “Локомотив“, кој е со капацитет од 4500 места.

Судии на средбата се Французите Саид Бунуара и Калид Сами. Делегат ќе биде Латвиецот Валеријс Јаскинс.

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − 4 =