Топ Вести

Металург замина за Загреб

12.02.2018 16:41
DAR_0826_resize

Македонскиот вицешампион пред малку замина за Загреб, каде утре го чека средба со екипата на ППД Загреб.

Се работи за натпревар од 14. коло на СЕХА-лигата, кој е закажан со почеток во 19 часот. Овие две екипи сезоната веќе одиграа еден натпревар, во рамките на 5. коло, кој заврши со победа на хрватскиот шампион, со резултат 26:32 (12:13).

По 13 одиграни кола, Загреб е второпласиран со 28 бода, додека Металург има 16 бода и го дели шестото и седмото место.

Во Загреб Металург отпатува со комплетниот состав со кој располага.

Прочитано 690 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − 3 =