Минимален пораз на Металург 2 во Прилеп

19.11.2017 14:37
_DSC0084_resize

Во рамките на 10. коло на машката Суперлига, во Прилеп истоимениот суперлигаш минимално го порази тимот на Металург 2, со резултат 28:27 (14:14).

Металург 2 и на овој натпревар настапи без петмина од својот прв состав, кои со екипата на Металург имаа обврски во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата. И покрај десеткуваниот состав Металург 2 и на овој натпревар беше блиску до освојување на бодови. На оваа средба видовме две различни полувремиња. Во првото, Металург 2 беше тимот што го диктираше темпото и беше тој што имаше резултатска предност во текот на сите 30 минути. Највисока разлика имавме при резултат 12:7, но дури и оваа предност не ја сочувавме до крајот на првото полувреме, што заврши со израмнети 14:14.

Во вториот дел работите се сменија и сега Прилеп беше тимот кој во поголемиот дел имаше предност, најчесто минимална. Домашниот тим победи, но не ќе беше незаслужено ако бодовите ги освоеше и Металург 2. Нашите млади ракометари можат да жалат што не го искористија денот на нашиот голман Никола Даниловски, кој одбрани дури 19 удари.

.

Прилеп – Металург 2   28:27 (14:14)

Прилеп: Јовановски, Ивчески, Стоилов, Ѓорѓиески 6, Пекоски 1, Вешоски 1, Тренчески, Спасески, Шокоски, Бозароски 3, Рајатовски, Јанчев 11, Нешкоски, Шајин, Јанески 2.   Седмерци: 3/6.   Исклучувања: 2 мин.

Металург 2: Даниловски (19 одбрани), Василевски, Тодоров, Смилевски, Гајиќ 2, Мелоски 6, Младеновиќ, Димитриоски 8, Гошевски, Кондев 1, Лембанов, Шилегов 6, Ристовски, Додиќ, Божиновски, Митиќ 4.    Седмерци: 7/7.   Исклучувања: 4 мин.

Судии: Михајло и Методија Илиевски од Битола.

Делегат: Јован Василев од Битола.

Прочитано 310 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + 3 =