Топ Вести

Младинците на Металург 2 ги надиграа врсниците од Вардар Јуниор

23.10.2017 14:46
09077420172_DSC0020_resize

Во второто коло на младинското првенство на Македонија, група 2, младинците на Металург 2 гостуваа кај врсниците од Вардар Јуниор, кои ги совладаа со убедливи 23:32 (12:12).

Иако средбата почна со изненадувачки 5:1 во полза на домашниот состав, нашите младинци брзо воспоставија резултатска рамнотежа, а од средината на првото полувреме конечно го презедоа и водството. Сепак, овој дел од натпреварот заврши со мирољубиви 12:12.

Ракометарите на Вардар Јуниор имаа сили да пружат отпор и во првата половина од вториот дел, но потоа до израз дојде квалитетот на нашиот тим, кој во последната четвртина од средбата целосно го скрши отпорот на противникот и натпреварот го заврши со позитива од цели 9 гола.

.

Вардар Јуниор – Металург 2  23:32 (12:12)

Вардар Јуниор: Василевски, Игнов, Еленин 2, Антевски 1, Симевски 6, Динев 1, Нанов 5, Јакимовски 1, Јаховиќ 2, Чупетрески 4, Талески, Камчев 1, Чакалиќ, Блажески, Стојановски и Тевдовски.    Седмерци: 4/6.    Исклучувања: 10 минути.

Металург 2: Тодоров, Гајиќ 3, Мелоски 9, Младеновиќ, Кофилоски 3, Л.Додиќ, Гошевски 1, Кондев 5, Василевски, Митиќ 2, Радевски, Ристовски 3, С.Додиќ 2, Марко Божиновски 1, Ников 3 и Мартин Божиновски.   Седмерци: 5/6.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Дичовски Бојан и Василевски Бојан од Скопје.

Делегат: Ѓоргиевски Митко од Скопје.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + = 7