Топ Вести

Младинците на Металург 2 го декласираа Охрид

19.04.2016 23:23
DSC0008_resize2

Во 13. коло од младинската лига ракометарите на Металург 2 го декласираа тимот на Охрид, победувајќи го со резултат 33:16 (14:5).

Интересно, но токму гостите поведоа со 0:2 на самиот почеток на средбата, пред нашите ракометари да ги наместат нишаните, после што следуваше вистинска катастрофа, бидејќи Охрид до крајот на полувремето постигна уште само 3 гола, а прими 14.

Во вториот дел охриѓани постигнаа повеќе, дури 11 гола, ама примија 19.

Металург 2 – Охрид  33:16 (14:5)

Металург 2: Доневски 3, Петрески, Шулевски 1, Стојковски 8, Гроздановски 2, Димитриоски 5, Стојменов, Шилегов 2, Петковски, Лембанов, Смилевски 2, Блажевски, Митревски 2, Лазаревски 4, Беќаровски и Гошевски 4.    Седмерци: 1/2.     Исклучувања: 4 минути.

Охрид: Осман, Најдановски, Матески 5, Ивановски 3, Аџиоски, Дуноски, Костов 3, Димитриески, Левески, Андоновски, Тасевски, Димески 1, Најдески 1 и Димески Игор 3.   Седмерци: 1/4.     Исклучувања: 2 минути.

Судии: Ѓоргиевски Иво и Младеновски Виктор од Скопје.

Делегат: Мирчевски Лери од Скопје

Прочитано 388 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − 1 =