Топ Вести

Младинците на Металург 2 го надиграа ГРК Борец

27.10.2017 21:53
_DSC0007_resize

Во третото коло на младинското првенство на Македонија, екипата на Металург 2 го надигра тимот на ГРК Борец, кој го совлада со убедливи 28:21 (13:10).

Иако настапи без неколку свои најдобри ракометари, кои се на турнир во Полска, како дел од кадетската репрезентација, нашите младинци одиграа квалитетен натпревар и заслужено стигнаа до нови три бода.

Нашиот противник беше рамноправен во добар дел од првото полувреме во кое нашите ракометари се изборија за предност дури во завршницата на првите 30 минути.

За разлика од првото, второто полувреме мина во комплетна доминација на Металург 2, кој постепено ја градеше својата разлика се до конечните +7.

.

Металург 2 – ГРК Борец  28:21 (13:10)

Металург 2: Богдановски, Тодоров 2, Смилевски, Ангеловски, Гајиќ 6, Младеновиќ 3, Кофиловски 4, Л.Додиќ, Гошевски 3, Максимовиќ 2, Божиновски, Лембанов 3, Ѓоршевски 2, Трајковски, Радевски и Николов 3.    Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 6 минути.

ГРК Борец: Белчовски, Рушков 2, Смилев 2, Ристов 1, Ристовски 1, Јанков, Јолдашев, Јордановски, Николов 11, Солев, Минов 1, Мишев, Младеновски, Мирчевски 1, Аврамовски 2 и Крстовски.   Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Иво Ѓоргиевски и Игор Наумовски од Скопје.

Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + 6 =