Топ Вести

Младинците на Металург 2 го надиграа Работнички

26.03.2016 00:42
_DSC0021_resize

Младинците на Металург 2 го надиграа својот противник во средба од 11. коло на младинската лига. Ракометарите на Работнички се поразени со резултат 34:20 (16:9).

Само во воведните десетина минути се играше рамноправен ракомет, а се после тоа беше во знакот на нашиот тим. До крајот на првото полувреме веќе создадовме недостижна предност од седум гола.

Со своите напади продолживме и во второто полувреме, во кое предноста ја зголемивме до конечни +14, 34:20.

Металург 2 – Работнички  34:20 (16:9)

Металург 2: Доневски, Петрески 2, Шулевски 2, Стојаноски 3, Бошковски, Димитриоски 7, Стојменов 1, Шилегов 5, Петковски, Лембанов 1, Смилевски 2, Блажевски, Митревски, Лазаревски 4, Беќаровски и Гошевски 7.    Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 2 минути.

Работнички: Јовевски 3, Трајковски, Крстевски, Шулески 1, Алексовски, Каранфиловски 1, Станкоски, Ордановски 9, Калајчиоски, Алушовски, Милошевски, Нојковски 6, Николовски и Димовски.    Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 2 минути.

Судии: Дичовски Бојан и Василевски Ѓорги од Скопје.

Делегат: Реџепи Мамер од Скопје.

Прочитано 673 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + = 14