Младинците на Металург 2 го “средија“ тимот на Пролет

08.03.2018 13:44
_DSC0061_resize

Вчера во Автокоманда беше одиграно шестото коло на младинската ракометна лига на Македонија, група 2. Младите ракометари на Раде Стојановиќ лесно го надиграа тимот на Пролет, кого го совладаа со убедливи 35:12 (13:6).

Катастрофата на гостинскиот тим беше навестена на самиот почеток, кога нашите младинци поведоа со резултат 5:0. Иако Пролет во понатамошниот тек на првото полувреме ја стабилизираше својата игра, овој период сепак го добивме со разлика од седум гола, 13:6.

Затоа, пак, вториот дел целосно и припадна на нашата екипа, која во следните 30 минути постигна дури 22 гола, а прими само 6.

Ова е петта победа на нашата младинска екипа, која во досегашниот тек на првенството забележа и еден пораз.

.

Металург 2 – Пролет  35:12 (13:6)

Металург 2: Богдановски, Тодоров 1, Смилевски 3, Гајиќ 3, Костески 5, Младеновиќ 8, Кофиловски, Л.Додиќ 2, Ѓошевски 2, Кондев 4, Лембанов 1, Ристовски 2, Василевски 1, С.Додиќ, Божиновски 2 и Ѓоршевски 1.   Седмерци: 1/1.   Исклучувања: 6 минути.

Пролет:  Тасевски, Јовановски, Давидовски 1, Дангев, Миленковски, Мојсовски, Стефановски 1, Даев 2, Љубевски, Благопетров 1, Налетовски 1, Стојковски, Стојановски 2, Блажевски 2, Кочаров и Николовски 2.   Седмерци: 2/4.   Исклучувања: 8 минути.

Судии: Ѓоргиевски Иво и Наумовски Игор од Скопје.

Делегат: Мирчески Лери од Скопје.

Прочитано 365 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − 4 =