Топ Вести

Младинците на Металург 2 пресилни за Тинекс Пролет

15.10.2017 14:37
200420174_DSC0002_resize

Во првото коло на младинското првенство на Македонија, група 2, младинците на Металург 2 високо го поразија тимот на Тинекс Пролет, на теренот на противникот. Средбата заврши со резултат 15:39 (8:17), сосема реален после се што се случуваше на теренот.

Тоа беше средба меѓу две различни по квалитет екипи, средба во која нашите младинци доминираа во сите 60 минути.

Сите проблеми беа решени уште во првото полувреме, кое го добивме со 9 гола разлика, па во вториот дел само ја потврдивме својата супериорност, завршувајќи ја средбата со огромна позитива од 24 гола.

.

Тинекс Пролет – Металург 2  15:39 (8:17)

Металург 2: Тодоров 1, Смилевски 5, Гајиќ 1, Мелоски, Кофиловски 1, Младеновиќ 2, Гошевски 4, Кондев 8, Петковски, Митиќ 1, Радевски, Ристовски 5, Василевски, Додиќ 2, Трајковски 3 и Божиновски 5.     Седмерци: 1/3.    Исклучувања: 10 минути.

Судии: Дичоски Бојан и Василевски Ѓорги од Скопје.

Делегат: Реџепи Мамер од Скопје.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 8 = 10