Топ Вести

Младинците на Металург 2 се шампиони на Македонија

15.05.2016 23:27
MJI_3047_resize

Младинците на Металург, предводени од тренерот Оливер Димитриоски, се нови шампиони на Македонија. Со само еден пораз во целата сезона (Преспа), нашите младинци фуриозно минаа и низ двата натпревари на младинскиот фајналфор и заслужено се закитија со златните медали.

Најпрво, во полуфиналето го надиграа Вардар Јуниор, кого го совладаа со резултат 34:24 (17:14), за да во финалето бидат подобри и од екипата на Пролет, 25:20 (13:9).

Финалната средба заслужено ни припадна нам, бидејќи освен едно водство (1:2) и две израмнувања (2:2 и 6:6), во останатиот дел од средбата имавме резултатска предност, од 1 до 4 гола, иако во второто полувреме имавме и +7, 22:15. Конечниот резултат од средбата со Пролет е 25:20, доволни за радост кај нашите млади ракометари.

Нашата доминација најде свој израз и во составот на идеалниот тим на фајналфорот, каде се најдоа тројца наши ракометари: Мице Шилегов, Марио Танкоски и Бојан Блажевски.

Исто така, Металург ги освои и сите индивидуални награди. Фантастичните две партии на Бојан Блажевски, во полуфиналето и во финалето, му ја донесоа наградата за најдобар голман на турнирот. Најдобар стрелец е Димитар Димитриоски, а МВП на фајналфорот е Марио Танкоски.

Ова беше навистина сезона на младинците на Металург 2.

Металург 2 – Пролет  25:20 (13:9)

Металург 2: Блажевски, Петковски, Доневски, Митревски, Шулевски 1, Стојковски 2, Бошковски, Димитриоски 9, Стојменов 3, Шилегов 5, Лембанов 1, Танкоски 4, Смилевски, Лазаревски, Беќаровски и Гошевски.   Седмерци: 6/7.    Исклучувања: 6 минути.

Пролет: Кристо, Огњановски 1, Џонов 6, Наумовски 1, Ичокаев 4, Костовски, Владимиров, Стојановски, Тодоровски, Мијушковиќ, Дамчевски 8, Аларов, Лазарков, Никодиновски и Љубевски.    Седмерци: 8/10.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Металари Исмаил и Николовски Ненад од Скопје.

Делегат: Јаневски Љупчо од Скопје.

Прочитано 636 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 7 = 1