Топ Вести

Младинците на Металург 2 се вратија со победа од Битола

26.04.2016 16:11
GIL_1147_resize

Младинците на Металург 2 дојдоа до нова победа во младинската лига на Македонија, откако во Битола го совладаа Пелистер, со резултат 35:28 (15:14).

Тоа беше интересна средба чиј почеток и припадна на домашната екипа, која имаше постојана предност од неколку гола. Така беше во две третини од првото полувреме, но не и во последните десетина минути, во кои Металург најпрво ја анулираше предноста на противникот, а потоа и премина во водство.

Второто полувреме, пак, мина во целосна доминација на нашиот тим, кој на крајот славеше убедлива победа со седум гола разлика.

Куриозитет на натпреварот беше и борбата на двајцата најдобри стрелци на натпреварот. Тодоровски од Пелистер постигна 13 гола, но му врати нашиот Димитриоски, со дури 18 гола.

Пелистер – Металург 2  28:35 (14:15)

Пелистер: Стојчевски, Магденовски, Асамбелевски, Стојановски 4, Манојловски, Умеров 1, Мачковски 1, Тодоровски 13, Ристовски, Маркудов 5, Ѓорѓиевски, К.Асамбелевски, Марковски, К.Ристовски и Јовановски 4.    Седмерци: 4/5.     Исклучувања: 4 минути.

Металург 2: Доневски, Петрески, Шулевски 1, Гроздановски, Бошковски 2, Димитриоски 18, Стојменов 4, Шилегов 2, Петковски, Лембанов 2, Смилевски, Блажевски, Митревски 2, Лазаревски 2, Беќаровски и Гошевски 2.   Седмерци: 5/5.     Исклучувања: 8 минути.

Судии: Илиевски Иван и Марковски Александар од Битола.

Делегат: Грнчаров Димче од Битола.

Прочитано 364 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + 3 =