Младинците на Металург 2 убедливо ја совладаа Ринија

18.11.2017 13:59
_DSC0014_resize

Во петтото коло на младинската лига, група 2, младинците на Металург 2 ја извојуваа својата четврта победа. Овој пат нашите ракометари беа подобри од составот на Ринија, кој убедливо го совладаа со резултат 54:30 (27:12).

Средбата беше решена веќе во почетната фаза, кога Металург 2 поведе со 7:2. Оваа разлика до крајот на првото полувреме се искачи на цели 15 гола, 27:12.

Вториот дел нашите младинци го одиграа рутински. Постигнаа уште 27 гола, но и примија 18.

.

Металург 2 – Ринија  54:30 (27:12)

Металург 2: Богдановски, Тодоров 2, Гајиќ 6, Меловски 4, Младеновиќ 2, Кофиловски, Ѓорешевски 6, Гошевски 3, Кондев 5, Митиќ 3, Ристовски 8, Василевски, С.Додиќ 6, Трајкоски 1, Божиновски 4 и Ников 4.   Седмерци: 4/5.    Исклучувања: 8 минути.

Ринија: Тахири, Идризи, Туша 4, Стојчевски 3, Салиу 10, Шулевски 11, Исмаили 2 и Мемеди.    Седмерци: 4/12.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Кимовски Благоја и Михајловски Блаже од Скопје.

Делегат: Реџепи Мамер од Скопје.

Прочитано 369 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 4 =