Топ Вести

Младинците на Металург го надиграа Пелистер

07.11.2017 16:59
09042201733_DSC0036_resize

Во третото коло на младинската лига на Македонија, група 1, младинците на Металург високо го совладаа Пелистер, со резултат 33:24 (16:13).

Почетокот на средбата не им ветуваше ништо добро на нашите ракометари, бидејќи Пелистер оствари предност од 5 гола, 1:6 и 3:8, и долго време имаше целосна контрола врз натпреварот. Сепак, Металург успеа да ја надмине кризата и во втората половина од првото полувреме направи целосен резултатски пресврт, најпрво со серија од 3:0, а потоа и со серија од 6:0. Првото полувреме го добија нашите ракометари, со резултат 16:13.

Во второто полувреме веќе немаше никакви дилеми околу победникот на средбата. Металург постојано ја зголемуваше својата предност, а највисока беше при резултат 28:18, кога изнесуваше цели десет гола разлика.

.

РК Металург – РК Пелистер  33:24 (16:13)

РК Металург: Ацевски, Табаковски 3, Фидановски 5, Димевски, Донев 2, Крстев 1, Ивановски, Миндишев, Меловски 1, Јорданов, Андревски 2, Вељановски 3, Прентоски 6, Рачевски 4, Николов 6 и Стерјев.     Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 2 минути.

РК Пелистер: Ристевски, С.Ристовски 2, Манојловски, Илиев 2, Петковски 1, Стевановски 1, Мирчевски, Јовановски 6, Вардовски, К.Ристовски 1, Апостоловски 5, Степановски 6, Илиевски, Неделковски и Талевски.    Седмерци: 3/5.    Исклучувања: 10 минути.

Судии: Здравковска Адриана и Божиновска Сања од Скопје.

Контролор: Локвенец Златко од Скопје.

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + = 12