Топ Вести

Младинците на Металург го надиграа тимот на Еурофарм Работник

09.03.2018 19:49
_DSC0032_resize

Во средба од 9. коло на младинската ракометна лига на Македонија, група 1, младинците на Металург остварија висока победа против соодветниот тим на Еурофарм Работник, кого го совладавме со убедливи 29:21 (12:10).

Почетокот на средбата не ветуваше ваква разврска, бидејќи ракометарите од Битола долго време ја имаа контролата врз резултатот, а имаа и убедлива предност, највисока при резултат 2:6. Младинците на Металург во овој период направија голем број на технички грешки, промашија во неколку зицер-ситуации, а згора на се одлично бранеше и гостинскиот голман Бардаковски. Но, токму највисоката предност на противникот како да ги разбуди нашите ракометари, кои конечно ги поврзаа своите редови и постепено ја намалија негативата. Во последните пет минути од првото полувреме нашите младинци конечно направија целосен резултатски пресврт и овој период од играта го завршија со предност од два гола, 12:10.

Второто полувреме мина во целосна доминација на Металург, кој, предводен од несовладливиот голман Давид Ацевски (12 одбрани во второто полувреме), набрзо создаде недостижна разлика. Битолчани беа целосно разбиени во втората половина од второто полувреме, кога нашата предност се искачи до конечните +8.

.

РК Металург – РК Еурофарм Работник  29:21 (12:10)

РК Металург: Ацевски, Ивановски, Димевски, Табаковски 3, Донев 1, Стерјев 1, Дуноски, Мелоски 1, Јорданов 1, Андревски 4, Вељановски 3, С.Прентоски 9, Стојановски, Блажевски 2, Николов 2 и Ф.Прентовски 2.    Седмерци: 2/4.   Исклучувања: 6 минути.

РК Еурофарм Работник: Бардаковски, Пејчиновски, Најденов, Костадиновски, Каковски 12, Елмазовски, Мицевски 3, Николовски, Марковски 3, Ѓоревски 1, Кенковски 1, Митеревски 1, Југовски, Атанасовски и Талевски.   Седмерци: 3/4.   Исклучувања: 4 минути.

Судии: Дичоски Бојан и Василевски Ѓорѓи од Скопје.

Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

Прочитано 589 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 0