Топ Вести

Младинците на Металург го совладаа и Борец

04.04.2016 10:38
DSC0064_resize1

Младинците на Металург стигнаа до нова победа во првенството на Македонија, откако во Автокоманда беа убедливи против екипата на велешки Борец, кого го совладаа со високи 32:20 (14:8).

Немаше дилеми кој ќе биде победник на овој натпревар, бидејќи гостинскиот тим успеа само еднаш да го израмни резултатот, на самиот почеток на 1:1, и тоа беше се од отпорот на Борец. Металург лесно создаде убедлива предност и првото полувреме го заврши со позитива од 6 гола.

Со слична игра продолживме и во вториот дел, во кој на разликата и додадовме дополнителни 6 гола, за конечни +12.

Металург – Борец  32:20 (14:8)

Металург: Богдановски, Тодоров 1, Трајковски 3, Анѓеловски 3, Меловски 1, Кофиловски 3, Новокмет, Божиновски 5, Радевски 1, Кондев 1, Митиќ 5, Ристовски 6, Василевски, Серафимов 2, Димитров и Ников 1.    Седмерци: 3/5.     Исклучувања:  4 минути.

Борец: Јолдашев, Каџибанов, Б.Саздовски 5, А.Саздовски 2, Јордановски 1, Минов 2, Смилев, Ѓорѓиев, С.Мирчевски, Ж.Мирчевски 6, Ѓоргиев 1, Ристовски 1 и Зафиров 2.    Седмерци: 5/7.     Исклучувања:  4 минути.

Судии: Георгиевски Иво и Младеновски Виктор од Скопје.

Делегат: Реџепи Мамер од Скопје.

Прочитано 266 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − 1 =