Топ Вести

Младинците на Металург извлекоа реми во дуелот со Охрид

15.10.2017 12:46
_DSCпп0028_resize

Во првото коло од новото младинско првенство на Македонија, младинците на Металург одиграа нерешено со екипата на Охрид. Нашите младинци, кои минатата сезона се натпреваруваа во пионерската лига и се многу помали од своите противници, беа инфериорни во најголемиот дел од средбата со Охрид, но сепак најдоа сили и дојдоа до бод од оваа средба.

Нашето единствено водство го забележавме на самиот почеток, а потоа предноста мина на страната на охриѓани, кои го одржуваа скоро до крајот на средбата.

Сепак, во последните десетина минути нашите млади ракометари успеаа да го израмнат резултатот и да го одведат натпреварот во драматична и неизвесна завршница, кога се играше гол за гол.

.

Металург – Охрид  32:32 (15:17)

Металург: Ацевски, Табаковски 5, Фидановски 5, Донев, Крстев 1, Ивановски, Михајлов 4, Мелоски 6, Димевски, Андреевски, Вељановски 4, Прентоски 3, Рачевски 4, Танев, Николов и Стојановски.     Седмерци: 6/7.    Исклучувања: 6 минути.

Охрид: Трајкоски, М.Ивановски, Наумоски, Селман, Димитриески, Спироски, Мих.Ивановски, Ристески, Крстески, Андоновски, Неранџоски, Василкоски и Костов.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Иво Георгиевски и Игор Наумовски од Скопје.

Делегат: Младенов Сашо од Скопје.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 4