Топ Вести

Младинците на Металург ја совладаа екипата на Зомимак

30.03.2016 03:22
DSC0065_resize

Во 8. коло на младинската лига, група 2, нашите младинци ја совладаа екипата на Зомимак, со резултат 26:24 (12:7).

Иако на крајот резултатот е тесен, нашите младинци во текот на сите 60 минути беа подобри од струмичани, дозволувајќи им само едно водство и тоа во самиот почеток на натпреварот, 1:2. Уште по првото полувреме имавме недостижни +5, кои ги удвоивме кон средината на второто полувреме, кога максимално водевме со 23:13.

Високото водство ни ја намали концентрацијата, што му дозволи на противникот да направи серија од 3:11, со што значително го ублажи поразот.

Capture

Металург – Зомимк  26:24 (12:7)

Металург: Тодоров, Трајкоски 1, Анѓеловски 3, Меловски 3, Кофиловски 1, Новокмет 1, Марко Божиновски 2, Радевски 1, Кондев 1, Мартин Божиновски, Митиќ 2, Ристовски 2, Василевски, Серафимов 7, Максимовиќ и Ников 2.     Седмерци: 1/1.    Исклучувања: 10 минути.

Зомимак: Ристов, Р.Стојанов 2, Ѓ.Стојанов, Стојков 1, Ангелов, Наков 5, А.Тасев 4, Мастев 2, Попов, И.Горгиев 4, Танев, Катранџиев, Ант.Тасев 1, Јованов 3, Иванов 1 и Ѓ.Горгиев 1.   Седмерци: 6/9.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Андонов Виктор и Јовановски Стојанче и Трајковски Мирко од Скопје.

Делегат: Наумовски Русе од Скопје.

Прочитано 293 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 7 =