Топ Вести

Младинците на Металург минимално се поразени во Прилеп

27.11.2017 16:48
_DSC0028_resize

Во 6. коло на младинската лига, група 1, младинците на Металург минимално се поразени во Прилеп.

По голема борба, Прилеп не совлада со резултат 26:25 (15:11). Овој натпревар мина во израмнета борба, иако противникот беше тој што најчесто имаше предност. Домашниот состав ја искористи малата криза во нашите редови на истекот на првото полувреме и спроведе серија од 4:0, со што од 11:11 стигна до комотни 15:11. Оваа серија на Прилеп стана решавачка за конечниот исход од овој натпревар. Металург во второто полувреме заигра многу поангажирано и го доби овој период од играта, но сепак немаше сили за целосен резултатски пресврт.

Ова е трет едноподруго пораз на нашиот тим, но не треба да заборавиме дека оваа наша екипа минатата година се натпреваруваше во пионерската лига, каде стана и државен првак, па нашите ракометари се по неколку години помлади од своите противници во младинската лига.

.

РК Прилеп – РК Металург  26:25 (15:11)

РК Металург: Ацевски, Табаковски 2, Фидановски 3, Димевски, Донев, Марковиќ 2, Ивановски, Јорданов, Мелоски 3, Андревски 2, Дуновски, Вељановски, Прентоски 1, Рачевски 10, Стојановски, Миндашев 2 и Грујоски.    Седмерци: 2/2.     Исклучувања: 8 минути.

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 9 = 18