Топ Вести

Младинците на Металург подобри од Македонија Ѓ.П.

03.12.2017 18:29
DSC_1596_resize

Во седмото коло на младинската лига, група 1, младинците на Металург ја совладаа екипата на Македонија Ѓ.П., со резултат 40:30 (17:14).

Тоа беше натпревар со извонредно многу голови, дури 70, натпревар кој сосема заслужено им припадна на нашите ракометари.

Младинците на Металург поведоа уште во првата минута од средбата и своето водство го сочуваа се до крајот на мечот. Додека противникот имаше сили, во првото полувреме, средбата беше порамноправна. Затоа, пак, вториот дел мина во целосна доминација на ракометарите на Металург, кои на трите гола разлика од првиот дел им додадоа и уште седум гола од второто полувреме.

.

РК Металург – РК Македонија Ѓ.П.  40:30 (17:14)

РК Металург: Ацевски, Димевски 3, Фидановски 1, Донев 4, Јовановски 1, Ивановски, Вељановски 8, Мелоски 5, Јорданов 4, Андревски 2, Дуновски, Прентовски 3, Рачевски 4 Стојановски, Николов 2 и Петковски 3.   Седмерци: 2/4.   Исклучувања: 2 минути.

РК Македонија Ѓ.П.: Волкановски, Златановски 6, Добревски, Србиновски 4, Палковски 5, Ноневски, Малцев 4, Лалов, Дука 7, Јаневски 2, Китановски и Крстевски 2.   Седмерци: 0.   Исклучувања: 2 минути.

Судии: Ѓоргиевски Иво и Наумовски Игор од Скопје.

Делегат: Младенов Сашо од Скопје.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − = 4