Младинците на Металург загубија од тимот на Кире Лазаров

22.11.2017 15:39
DSC_1611_resize

Во петтото коло од младинското првенство на Македонија, група 1, младинците на Металург во Автокоманда се поразени од екипата на КЛ-7 од Струга. Гостинскиот тим не совлада убедливо, со резултат 28:19 (13:11).

Во првото полувреме се водеше рамноправна борба, па и двете екипи имаа повремени водства. Сепак, подолго во водство беше тимот на Кире Лазаров.

За разлика од првото, второто полувреме мина во доминација на гостинскиот тим, кој полека создаде недостижна предност и на крајот заслужено ги однесе бодовите.

По пет одиграни кола, младинците на Металург се во долниот дел на табелата, со една победа, три порази и една нерешена средба. Во следното коло нашите младинци ќе гостуваат во Прилеп.

.

РК Металург – РК КЛ-7  19:28 (11:13)

РК Металург: Ацевски, Табаковски 3, Фидановски 5, Дуноски, Донев 1, Марковиќ 1, Ивановски, Миндишев, Мелоски, Андревски, Вељановски 1, Прентоски 4, Рачевски 2, Стојановски, Николов 1 и Трпевски 1.    Седмерци: 5/5.     Исклучувања: 4 минути.

РК КЛ-7: Петрески, Скепароски, Џигероски 7, Савески, Попоски 3, Јовчев 1, Гучески 11, Христоски, Вранишкоски, Тутенкоски, Шулески, Симоноски 6, Пајкоски, Ѓоргоски, Стрезоски и Костоски.    Седмерци: 3/5.   Исклучувања: 4 минути.

Судии: Ѓоргиевски Иво и Наумовски Игор од Скопје.

Делегат: Костенчев Стево од Скопје.

Прочитано 971 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 2 = 3