Топ Вести

Монтеиро: Металург денеска одигра силно

30.09.2017 21:10
_DSC0028_resize

На редовната прес-конференција по средбата, коментираа тренерот на Спортинг Монтеиро и ракометарот Бјелановиќ.

Хуго Канела Монтеиро: “Сакам да им честитам на ракометарите на Металург за победата. Металург одигра силно на овој дуел, како во одбраната, така и во нападот. Ни создаваа проблеми преку пикерот, а ние не успеавме да искористиме некои свои шанси. Едноставно моравме да бидеме далеку подобри во нападот и во реализацијата. На крајот, Металург заслужено победи“.

Бошко Бјелановиќ: “Му честитам на Металург на победата. Ова беше добар натпревар. Се согласувам со мојот тренер дека Металург влезе одлично во натпреварот и играше многу паметно во нападот. Беше тешко да ги чуваме кога игравме два на два. Првото полувреме не мина онака како што очекувавме и имавме голема негатива. Во вториот дел бевме далеку подобри и во дефанзива и во офанзива. Имавме шанса и да се бориме за победа, но за жал Металург ја зачува својата предноста и заслужено победи“.

Фото:

Прочитано 978 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − = 1