Начевски и Николов ќе настапат први. На Македонија и на Словенија ќе им судат Романци

11.01.2018 14:21
24925_59ad14162e

Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски/Славе Николов ќе ја имаат честа да ја судат првата средба на ЕП во Хрватска. Тие ќе ја делат правдата на средбата од првото коло во групата “А“, меѓу селекциите на Шведска и на Исланд.

Средбата од првото коло во групата “Ц“, меѓу селекциите на Македонија и на Словенија ќе ја судат Романците Сорин-Лауренциу Дину и Константин Дин.

.

На ЕП во Хрватска правдата ќе ја делат 12-ет двојки на судии:

– Андреј Гуско и Сергеј Репкин од Белорусија

– Ларс Гејпел и Маркус Хелбиг од Германија

– Мартинг Гединг и Мадс Хансен од Данска

– Оскар Ралуј и Анхел Сабросо од Шпанија

– Вајдас Мажејка и Миндаугас Гателис од Литванија

– Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Македонија

– Дуарте Сантос и Рикарду Фонсека од Португалија

– Евгениј Зотин и Николај Володков од Русија

– Сорин-Лауренциу Дину и Константин Дин од Романија

– Стеван Пишон и Лоран Ревере од Франција

– Матија Губица и Борис Милошевиќ од Хрватска

– Вацлав Хорачек и Иржи Новотни од Чешка

Прочитано 1.017 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 7 = 0