Натпреварите во машката Суперлига продолжуваат во март

03.02.2018 22:39
Poland-Macedonia-03

Машката ракометна Суперлига со натпреварите од вториот дел на сезоната ќе продолжи на 3 и 4 март. За комплетирање на првиот дел од сезоната останаа да се доиграат уште 4 кола, а потоа дел од екипите, заедно со Металург и со Вардар, ќе продолжат во плејофот, а дел ќе се борат за опстанок во лигата преку натпреварите во плејаутот. Ждрепката за вториот дел на сезоната и одредување на стартните броевите на екипите е закажана на 20 март. Плејофот во Суперлигата ќе почне на 24 и 25 март, а ќе бидат одиграни десет кола за да се добие новиот шампион на Македонија.

На 19 и на 20 мај ќе се одигра и завршницата во машкиот Куп на Македонија.

Прочитано 306 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 3 =