Топ Вести

Неверојатната игра ја однесе Македонија во Франција

15.06.2016 23:14
1

Македонската ракометна репрезентација направи вистински подвиг со пласманот на СП во Франција, откако ја надомести негативата од првиот натпревар и ја совлада силната Чешка со 34:27 (19:11).

Навистина неверојатен тек имаше денешниот натпревар, па излезе дека е најлесна работа на светот да се стигне предноста на противникот уште во првите петнаесетина минути од првото полувреме.

Лино Червар очигледно направи вистинска анализа и вистинска проценка на грешките од првиот натпревар, но и нашите репрезентативци играа неспоредливо подобро отколку на првата средба.

Одигравме како добро подмачкан механизам, кој само во последните пет, шест минути малку подзастана, но и ваквата драма заврши во наша полза.

Од репрезентативниот дрес денеска се простија легендите на Металург Филип Миркуловски и Наумче Мојсовски, кои, секој во своето време, беа капитени на нашиот тим.

Македонија – Чешка  34:27 (19:11)

Македонија: Ристовски, Даскалоски, Георгиевски 2, Јоновски, К.Лазаров 8, Ф.Лазаров, Манасков 11, Н.Маркоски, В.Маркоски, Миркуловски 6, Митков, Мојсовски 3, Ојлески, Прибак 3, Стоилов 1 и Талески.

Чешка:  Галиа, Мрква, Бечвар 1, Бабак 3, Хрстка 2, Јурка 2, Котрц 2, Ланда, Линхарт, Петровски, Риха, Шкварил, Собол 3, Штехлик 4, Узек 2 и Здрахала 6.

Прочитано 3.635 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 7 =