Топ Вести

НОВ ГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК. АНАЛИЗА НА ГРУПАТА Б

11.01.2013 09:35
goran_gjorgonoski1

Преземено од весникот “Нова Македонија“.

Го­ран Ѓор­го­но­ски
На пра­гот сме на уште ед­но свет­ско пр­венс­тво, тре­то по ред. Ма­ке­дон­ски­от ра­ко­мет е пред нов го­лем пре­диз­вик, но се­га про­сеч­ни­от Ма­ке­до­нец мно­гу оче­ку­ва од оваа ге­не­ра­ци­ја, ко­ја се чи­ни де­ка го до­стиг­ну­ва сво­јот ма­кси­мум. Се на­де­ва­ме де­ка во на­ред­ни­те 15 де­на си­те ние што го са­ка­ме спор­тот (а и др­жа­ва­та), осо­бе­но ра­ко­ме­тот, ќе ужи­ва­ме и ќе мо­же­ме уште ед­наш да кон­ста­ти­ра­ме де­ка бев­ме ра­мо до ра­мо со до вче­ра за нас „вон­зем­ја­ни­те“ од Фран­ци­ја, Хр­ват­ска, Дан­ска, Ср­би­ја…
 ДАНСКА, РУСИЈА И ИСЛАНД
Ма­ке­до­ни­ја на прв пог­лед е во гру­па што ја по­са­ку­вав­ме и во ко­ја на­ша­та ре­пре­зен­та­ци­ја мо­же да го нај­де сво­е­то ме­сто за плас­ман по­на­та­му. Дан­ска на ова СП оди со нај­до­бри­от со­став со ѕвез­ди, ка­ко Ми­ка­ел Хан­сен, гол­ма­нот Лан­дин, кри­ла­та Линд­берг и Егерт, Мар­ку­сен, Мо­ге­сен… Го не­ма пи­во­тот Ми­ха­ил Кнуд­сен, но на таа по­зи­ци­ја бра­ќа­та Тофт Хан­сен и Но­дез­бо се по­ве­ќе од до­во­лен ка­пи­тал. Дан­ска е фа­во­рит број еден во гру­па­та и фа­во­рит за фи­на­ле.
Ако не­кој мо­же да ѝ го за­гро­зи пр­во­то ме­сто на Дан­ска во гру­па­та тоа е ре­кон­стру­и­ра­на­та се­лек­ци­ја на Ру­си­ја. Ќе ви­ди­ме ед­на но­ва ре­пре­зен­та­ци­ја пред­во­де­на од по­ра­неш­ни­от сре­ден бек од свет­ски ка­ли­бар во уло­га на се­ле­ктор, Олег Ку­ле­шов, а Па­вел Ат­ман и Сер­геј Хар­бок ка­ко ли­де­ри на те­ре­нот. Хар­бок и Ше­лмен­ко се двај­ца но­ви игра­чи со „та­зе“ па­со­ши и ќе би­дат ви­стин­ско осве­жу­ва­ње. Ед­но е си­гур­но – Ру­си­ја ќе игра по­брз ра­ко­мет и си­те ќе тре­ба да се прис­по­со­бат на тој на­чин на игра.
Ис­ланд во нор­мал­ни ус­ло­ви би бил фа­во­рит за по­лу­фи­на­ле на след­ни­от са­мит, но има мно­гу проб­ле­ми со по­вре­де­ни игра­чи и, ка­ко што мо­же­ме да ви­ди­ме на под­го­то­вки­те, не му оди баш нај­до­бро. Без ле­ген­да­та Ола­фур Сте­фан­сон, без бун­дес-игра­чот Але­ксан­дер Пе­тер­сон и искус­ни­от лев бек Арон Ат­ла­сон, Ис­ланд пра­ктич­но оста­ну­ва на над­во­реш­ни­те по­зи­ции да се пот­пре на Арон Пал­мар­сон и „ма­ли­от“ Сно­ри Гуд­јон­сен. Од су­перѕ­вез­ди­те та­му се и су­пер­со­нич­но­то кри­ло Гуд­јон Ва­лур Си­гурд­сон и искус­ни­от кру­жен на­па­ѓач Ро­берт Гу­нар­сон. Од­бра­на­та е нив­на­та нај­го­ле­ма шан­са за ус­пех и са­мо на тој на­чин ќе мо­жат да се на­де­ва­ат на плас­ман на ед­но од пр­ви­те две ме­ста во гру­па­та.
ЧИЛЕ, КАТАР И МАКЕДОНИЈА

         Чи­ле и Ка­тар се две не­е­вроп­ски ре­пре­зен­та­ции и ре­ла­тив­но не­поз­на­ти за по­ши­ро­ка­та јав­ност. Чи­ле е тре­та ре­пре­зен­та­ци­ја во Јуж­на Аме­ри­ка (зад Ар­ген­ти­на и зад Бра­зил) и во Шпа­ни­ја оди без единс­тве­на­та ѕвез­да, пи­во­тот Мар­ко Оне­то (Вес­прем, а по­ра­но Бар­се­ло­на). Ка­тар, по­крај Јуж­на Ко­ре­ја, е нај­до­бра ази­ска ре­пре­зен­та­ци­ја и ор­га­ни­за­тор на СП 2015. Бо­га­та зем­ја, ко­ја поч­на да им да­ва па­со­ши на стран­ски ра­ко­ме­та­ри за по­до­бро еки­пи­ра­ње и прет­ста­ву­ва­ње на спор­тот. И Чи­ле и Ка­тар не одат на СП за да би­дат вре­ќи за бо­ксу­ва­ње. Тоа е си­гур­но.

Ма­ке­до­ни­ја, без сом­не­ние, е мно­гу ква­ли­тет­на се­лек­ци­ја во ко­ја од прет­ход­но­то СП не­ма мно­гу про­ме­ни во со­ста­вот. Ги не­ма Ан­ге­лов, Алу­шев­ски, Ѓор­го­но­ски, Ма­ка­ло­ски и Сто­ја­но­виќ, а на нив­но ме­сто се се­га мла­ди­те Ма­на­сков, Ми­трев­ски, Сто­и­лов, Н. Мар­ков­ски, Ге­ор­ги­ев­ски и Ој­ле­ски.

Од­бра­на­та е во од­лич­на фор­ма и е мно­гу уи­гра­на, имај­ќи пред­вид де­ка Јо­нов­ски, В. Мар­ко­ски и Мир­ку­лов­ски за­ед­но игра­ат во Ме­та­лург. Фор­ма­ци­ја­та 6-0 е го­тов про­из­вод и проб­лем за го­лем дел од ре­пре­зен­та­ци­и­те. Ви­дов­ме де­ка се­ле­кто­рот Шун­дов­ски ја пра­кти­ку­ва и од­бра­на­та 5-1 со Мир­ку­лов­ски, В. Мар­ко­ски и Ан­ге­лов­ски ка­ко пред­ни игра­чи. Оваа од­бра­на ќе ни тре­ба за ду­е­ли­те со Дан­ска, Ис­ланд и со ви­со­ка­та Ру­си­ја. Јо­нов­ски е клу­чен играч на зо­на­та 5-1 и од не­го ќе за­ви­си ка­ко ќе функ­ци­о­ни­ра од­бра­на­та.

На­па­дот по­втор­но во го­ле­ма ме­ра е на гр­бот на На­ум Мој­сов­ски и на Ки­рил Ла­за­ров. Го­лем плус за на­ши­от тим е при­сус­тво­то на Сто­јан­че Сто­и­лов во на­па­ѓач­ка­та фор­ма­ци­ја и тој би тре­ба­ло да ги тро­ши нај­го­ле­ми­от дел од ми­ну­ти­те ре­зер­ви­ра­ни за круж­ни­те на­па­ѓа­чи.

На­ши­те не­и­скус­ни кри­ла и из­гу­бе­на­та са­мо­до­вер­ба на Бор­ко Ри­стов­ски на го­лот мо­жат да би­дат наш нај­го­лем проб­лем на СП. Ри­стов­ски игра во еки­па што мно­гу по­ве­ќе гу­би одо­што по­бе­ду­ва и се на­о­ѓа пред ис­па­ѓа­ње во Гер­ма­ни­ја. Оче­ку­вам Ни­ко­ла Ми­трев­ски да до­бие шан­са ка­ко втор из­бор уште на пр­ви­от нат­пре­вар со Чи­ле и да би­де нај­го­ле­мо откри­тие во на­ша­та се­лек­ци­ја на ова СП. На Ма­на­сков и на Ге­ор­ги­ев­ски, иа­ко ве­ќе стан­дард­ни во Ме­та­лург, ќе им тре­ба вре­ме за да вле­зат во по­треб­ни­от ри­там.

Чи­ле и Ка­тар ќе ги до­би­е­ме мо­же­би по­те­шко од оче­ку­ва­ња­та, но ако са­ка­ме во пр­ви­те осум, ќе мо­ра да ја из­бег­не­ме Фран­ци­ја во гру­па­та со ко­ја вкр­сту­ва­ме. За таа цел Ис­ланд е на­ша­та нај­го­ле­ма шан­са, а и Ру­си­те ни „ле­жат“. Дан­ци­те ве­ќе на го­ле­мо се под­го­тву­ва­ат за нас. А тоа е го­лем комп­ли­мент.

Ова е шан­са­та на оваа ге­не­ра­ци­ја.

На­пред Ма­ке­до­ни­ја.

Авто­рот е по­ра­не­шен ма­ке­дон­ски ре­пре­зен­та­ти­вец

Прочитано 606 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − = 1