Топ Вести

Нов убедлив триумф на кадетите на Металург

11.11.2017 19:42
15102016_DSC0018_resize

Трето коло во кадетската лига на Македонија, група 3, и нов убедлив триумф на кадетите на Металург. Нашите млади ракометари во Автокоманда го декласираа тимот на Гостивар, кого го совладаа со резултат 41:16 (23:11).

Тоа беше натпревар без неизвесност, бидејќи кадетите на Металург беа за неколку класи подобри и поквалитетни од своите противници. Се беше решено уште кон средината од првото полувреме, кое пак заврши со убедливи 12 гола разлика во полза на Металург, 23:11.

Во сличен ритам се одигра и вториот дел  од оваа средба, а конечните 41:16 реално ги одразуваат настаните на теренот во Автокоманда.

По три кола, Металург е на чело на табелата, со максимални 9 бода. Во следното коло, кое повторно ќе се игра во Автокоманда, ќе гледаме дерби натпревар во кој Металург за противник ќе ја има екипата на Вардар.

.

Металург –  Гостивар 41:16 (23:11)

Металург: Ацевски, Табаковски 3, Фидановски 3, Донев 1, Стерјев 1, Ивановски, Мелоски 2, Јорданов 3, Андревски 3, Вељановски 2, Прентовски 2, Стојановски 3, Марковиќ 7, Димевски 3, Грујоски 4 и Николов 4.   Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 6  минути.

Гостивар: Димитриески, Селмани, Стојановски, Илијески, Трифуноски, Филипоски, Груески, Јованоски, Бошкоски, Давидоски, Стојаноски, Лазарески, Тахири, Вељановиќ, Рафајлоски и Маџоски.  Седмерци: 4/5.    Исклучувања: 2 минути.

Судии: Василевски Ѓорги и Цветковска Ива од Скопје.

Делегат: Мирчески Лери од Скопје.

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 6 = 13