Топ Вести

Новата сезона во првенството на Македонија почнува на 16 септември

17.06.2017 17:41
VIP-operator

На вчерашната годишна конференција на клубовите решено е натпреварувачката сезона во првенството на Македонија да почне во средината на септември, па првото коло ќе се игра на 16/17 септември.

Системот на натпреварување останува ист, односно ќе настапат десет екипи кои ќе одиграат вкупно 18 кола. По регуларниот дел, првопласираните четири екипи, заедно со Металург и со Вардар, ќе разигруваат за титулата, додека останатите шест тима ќе се борат за опстанокот во лигата.

 

Распоред на првото коло:

Еурофарм Работник – Младост,

Охрид – Вардар Јуниор,

Радовиш – Пелистер,

Металург 2 – Прилеп,

Пролет – Борец.

 

Есенскиот дел од сезоната, според планот, треба да заврши на 16/17 декември 2017 година.

Во женската Суперлига, која стартува на истиот датум како и машката, сите поединости ќе се знаат на почетокот на септември, до кога е даден рок за евентуално пријавување на други екипи за настап во лигата, која во моментот брои осум клуба.

Прочитано 15 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + 4 =