Топ Вести

Од денеска во продажба влезниците за средбата Металург – Спортинг Лисабон

27.09.2017 15:05
DDk8hFRXYAARxjO-610x346

Средбата од 3. коло на Лигата на шампионите, против екипата на Спортинг Лисабон, на програмата е в сабота (30 септември), со почеток во 17.30 часот.

Оваа средба се игра во ВИП арената “Борис Трајковски“, а веќе од денеска во продажба се пуштени влезниците за овој натпревар.

Влезниците за оваа средба се по цена од 150 денари за М-блоковите и по 100 денари за сите други блокови. Влезниците се продаваат онлајн, на следние линкови: www.karti.com.mk и  http://www.mktickets.mk/

На денот на натпреварот (сабота) влезници ќе можат да се купат и во билетарата на ВИП арената “Борис Трајковски“.

Ве покануваме да дојдете и да ни ја дадете вашата поддршка.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 6 = 11