Топ Вести

ОД ДНЕВНИКОТ НА КАМПОТ: АНГЕЛИТЕ НА ЈУЛЕ ЦРВЕНКОСКА

26.06.2015 17:33
_DSC0018_resize

za tekst

Ние сме мали, ама сме непобедливи и никој не може против нас. Тоа што можеме ние, не можете вие. Боите на нашата група, тренеру, сјајат за вас, многу ви благодариме што бевте со нас, па сега гордо стоеме пред вас.

Благодарни сме на нашиот тренер Јуле, која не научи на најдоброто и поради која и сме најдобри во кампот.

Утрово на нашиот ден се погоди сончево, па затоа бевме спремни како затегнати стрели.

Кампот се подготвуваше за прошетка по Охрид, па затоа појадокот го смачкавме за час.

Ние сме прекрасни деца, а како доказ ви ги приложуваме следните фотографии.

Одењето во Охрид секогаш е мала авантура, а ние сме подготвени на се.

Замислете го нашето воодушевување, кога, по враќањето од Охрид, ни кажаа дека можеме да одиме на плажа. Денот станува се поубав.

Прекрасен ден, а најдоброто допрва следи. Не очекуваат ракометни натпревари во сала, можност да го покажеме сето тоа што го учевме во текот на годината, во која бевме прогласени за најдобри во генерација 2002. Но, претходно мораме да направиме една ситница – да го изедеме ручекот.

Натпревари, натпревари, натпревари, а ние победници, победници, победници…

Заврши најубавиот ден на кампот, но и најнапорниот. Одвај се довлечкавме до хотелот и имавме сили уште само за вечерата, а потоа на спиење.

Прочитано 933 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 2 = 4