Топ Вести

ОД ДНЕВНИКОТ НА КАМПОТ: ТРИНАЕСЕТТЕ ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ОД КУМАНОВО

25.06.2015 22:19
_DSC0064_resize

za tekst

Ние сме мала чета, ама одбрана. Цело Куманово да го превртиш други такви не наоѓаш. Кај нас нема фалба, нема ниту лажна скромност, ние со право трврдиме дека сме најдобри во кампот, ние сме елитата.

Шест дена го докажуваме тоа, низ спорт, низ забава, секогаш и секаде, и само слеп не го гледа тоа.

Кога не разбудија наутро ние веќе имавме готов план –

– прво да ги средиме собите, а потоа да ја опустошиме кујната. Од првото се откажавме веќе во втората минута, второто го исполнивме со 102, 3 %

За разлика од другите ние веднаш “напаѓаме од прва“, па затоа нема да ве мачиме и веднаш ќе ви се претставиме.

Денес пријатно не изненадија со прошетката низ Охрид, а ние, пак, пријатно ги изненадивме охриѓанките со нашата појава во охридската чаршија. Око не симнаа од нас, ушите ни станаа жар црвени. А и ние не останавме должни, намигни и на оваа, насмевни и се на онаа, абе ги збудалевме.

Убавите работи одат во пакет, па веднаш по враќањето од Охрид, заминавме на капење, што ни даде шанса да ги покажеме купачите за четврток, кои, нормално, се разликуваат од тие што ги носевме претходните денови, чисто да се знае дека Куманово е центар на модата.

После толку чалами едвај го дочекавме ручекот.

Полн стомак значи нова енергија, па одвај ги дочекавме натпреварите во сала, на кои бевме решени да ја покажеме нашата ракометна вештина. Ама, нашите противници, веројатно од завист поради нашите успеси во Охрид и на плажа, беа премногу мотивирани и спремни за борба и…не знаеме како се случи, ама изгубивме.

Сепак, тоа не не поколеба да ја изедеме и вечерата.

Прочитано 893 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 1