Топ Вести

ОД СТРУЧЕН АГОЛ: ПРОТИВ ИСЛАНД СО ОДБРАНА 5-1 КОН ПАЛМЕРСОН

15.01.2013 12:38
goran_gjorgonoski1

Го­ран Ѓор­го­но­ски

Вто­ра по­бе­да на Ма­ке­до­ни­ја на СП и втор­пат на на­чин што ни­ту еден Ма­ке­до­нец не­ма да го оста­ви ми­рен пред ме­че­ви­те со го­ле­ми­те европ­ски ри­ва­ли. Се­ко­ја чест за ка­тар­ски­от се­ле­ктор, пр­во ја по­ста­ви игра­та во од­бра­на­та на на­чин што најм­но­гу ни од­го­ва­ра и на кој на­ша­та ре­пре­зен­та­ци­ја е на­вик­на­та да игра, а тоа е фла­стер на Ки­рил Ла­за­ров. Од­бра­на­та, ка­ко швај­цар­ски ча­сов­ник, во на­па­дот се зна­е­ше кој што ра­бо­ти. Фи­лип Ла­за­ров од­лич­но се вкло­пи во на­па­дот со Ки­ре и со На­ум­че Мој­сов­ски, а Ни­ко­ла Мар­ко­ски уште ед­наш по­ка­жа де­ка е ид­ни­на­та.

На­кра­тко – по­лу­вре­ме од со­ни­шта­та. Но са­ми­те сме си нај­го­лем про­тив­ник. Во вто­ри­от дел Ка­тар ја по­ста­ви од­бра­на­та што му при­ле­га (дла­бо­ка 3-2-1), на­ши­те ра­ко­ме­та­ри про­дол­жи­ја со тех­нич­ки гре­шки и сѐ мо­же­ше да оди во бе­стра­га ако не се раз­бу­де­ше Бор­ко Ри­стов­ски на го­лот. Мој­сов­ски вле­гу­ва во фор­ма, но и тој по­втор­но те­шко се спра­ви со офан­зив­на­та 3-2-1. За крај, це­ла сре­ќа што, освен Ру­си­ја што игра 5-1 во од­бра­на, пре­о­ста­на­ти­те две се „вен­ча­ни“ за од­бра­на­та 6-0. Ту­ка е на­ша­та шан­са.

Ма­ке­до­ни­ја е во ос­ми­на­фи­на­ле­то. Ве­ро­јат­но по­ве­ќе­то и го оче­ку­ваа тоа, но оче­ку­ваа и мно­гу по­ве­ќе. А и се­ле­кто­рот нај­а­ви ба­рем че­тврт-фи­на­ле. Имај­ќи пред­вид со ко­ја гру­па вкр­сту­ва­ме (та­му Фран­ци­ја ќе би­де пр­ва), ќе мо­ра да би­де­ме ба­рем тре­ти за да мо­же­ме да се на­де­ва­ме на че­тврт-фи­на­ле. Со де­неш­ни­от про­тив­ник Ис­ланд мно­гу­па­ти сме вкр­сти­ле коп­ја, по­ве­ќе­па­ти не­ус­пеш­но, но пос­лед­ни­те го­ди­ни сѐ е по­и­на­ку и прв­пат мо­же­ме да ка­же­ме де­ка шан­си­те за по­бе­да се ед­на­кви на две­те стра­ни.

Да не ме раз­бе­ре­те по­греш­но, Ис­ланд е се­лек­ци­ја од са­ми­от крем на свет­ски­от ра­ко­мет со мно­гу игра­чи во Гер­ма­ни­ја, кои игра­ат важ­на уло­га во сво­и­те еки­пи. Но, исто та­ка, Ис­ланд се­га е ос­ла­бен. Ола­фур Сте­фан­сон се пен­зи­о­ни­ра, Але­ксан­дер Пе­тер­сон и Арон Ат­ла­сон се по­вре­де­ни, а гол­ма­нот Гу­ста­всон ре­ко­ва­лес­цент. На пр­ви­от меч про­тив Ру­си­ја се по­твр­ди де­ка нив­на­та дес­на стра­на (бек и кри­ло) е пос­ла­би­от дел од на­па­дот, а и сред­ни­от бек Сно­ри Гуд­јон­сон не е ка­ли­бар од кој тре­ба да стра­ву­ва­ме. Чо­век од кој мно­гу за­ви­си игра­та во на­па­дот е фе­но­ме­нал­ни­от Арон Пал­мар­сон од Кил. Очиг­лед­но е де­ка сѐ трг­ну­ва од не­го и ком­би­на­ци­и­те со „ма­ши­на­та за го­ло­ви“ на ле­во­то кри­ло Гуд­јон Ва­лур Си­гур­тсон.

Од­бра­на­та е су­пер­сил­на со стан­дард­ни­те Виг­нир Сва­вар­сон и Све­ре Ја­коб­сон, ка­ко цен­трал­ни бра­ни­те­ли на фе­но­ме­нал­на­та од­бра­на 6-0, на ко­ја Ис­ланд има „до­кто­ри­ра­но“. Ту­ка ќе го има­ме нај­го­ле­ми­от проб­лем. Ка­ко да ја раз­бие од­бра­на­та на про­тив­ни­кот зад ко­ја стои, ка­ко што ви­дов­ме, се­ко­гаш стан­дард­ни­от Гу­ста­всон. Во ду­е­ли­те еден на еден не­ма­ме мно­гу шан­са со сил­ни­те „ри­ба­ри“, но со бр­за про­ме­на на ме­ста и на­вре­ме­но ос­ло­бо­ду­ва­ње од топ­ка бр­зи­те Мир­ку­лов­ски, Мој­сов­ски и пре­о­ста­на­ти­те би тре­ба­ло да нај­дат пук­на­ти­на во од­бра­на­та. Мо­же­ме да оче­ку­ва­ме про­тив­ни­кот да оди­гра и „фла­стер“ со Ва­лур Гуд­јон­сон на Ла­за­ров, но тоа е си­гур­но ре­зерв­на ва­ри­јан­та.

Ка­ко да го спре­чи­ме Пал­мар­сон со не­го­ви­те шу­те­ви и до­да­ва­ња? Со од­бра­на 5-1 кон не­го, со Ма­на­сков или Ан­ге­лов­ски на пре­ден и бр­зи трој­ца игра­чи на ли­ни­ја (Те­мел­ков, Вел­ко Мар­ков­ски и Мир­ку­лов­ски). Со тоа ќе го спре­чи­ме не­го­во­то ди­рект­но учес­тво во игра­та, а и комп­лет­но ќе го на­ру­ши­ме ри­та­мот на игра­та на це­ли­от на­пад, кој во­о­би­ча­е­но е мно­гу те­чен и брз. Вкуп­но тре­ба и гол­ма­ни­те да би­дат на ни­во (10-12 од­бра­ни) и тех­нич­ки­те гре­шки да се во нор­ма­ла.

Среќ­но, мом­ци!

Авто­рот е по­ра­не­шен ма­ке­дон­ски ре­пре­зен­та­ти­вец.

Прочитано 520 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 1