ОД СТРУЧЕН АГОЛ.

12.01.2013 11:14
goran_gjorgonoski1

Преземено од весникот “Нова Македонија“

      Го­ран Ѓор­го­но­ски

      cileЧи­ле е про­тив­ник по ме­ра за прв меч на СП.

Ако мо­жев­ме да из­би­ра­ме со ко­го би са­ка­ле да поч­не­ме на ова СП, то­гаш тоа е за нас ано­ним­на­та се­лек­ци­ја на Чи­ле. За­гу­би не­среќ­но во по­лу­фи­на­ле­то на Па­на­ме­ри­кан­ски­от шам­пи­о­нат од со­лид­ни­от Бра­зил, а по­доц­на лес­но го сов­ла­да Уру­гвај. Има­ат двај­ца што игра­ат во нај­сил­ни­те ли­ги во све­тот, Ро­дри­го Са­ли­нас е во шпан­ски Гра­но­лерс, а су­перѕ­вез­да­та на чи­ле­ан­ски­от ра­ко­мет Мар­ко Оне­то игра во ун­гар­ски Вес­прем. За на­ша сре­ќа, Оне­то е по­вре­ден и не­ма да на­ста­пи на СП. Тоа мно­гу ја ме­ну­ва кон­цеп­ци­ја­та на се­ле­кто­рот Фер­нан­до Ка­пу­ро, и во од­бра­на­та и во на­па­дот.

Од се­лек­ци­ја во ко­ја нај­ви­со­ки игра­чи се гол­ма­нот Ци­фу­ен­тес и круж­ни­от на­па­ѓач Рио Ро­хас мо­же­ме да оче­ку­ва­ме де­ка ќе игра­ат брз ра­ко­мет и офан­зив­на фор­ма­ци­ја во од­бра­на­та. Ре­пре­зен­та­ци­ја­та е со­ста­ве­на од игра­чи на кои ду­е­лот еден на еден им е нај­го­лем ква­ли­тет, со ми­ни­мум тех­нич­ка под­го­тве­ност, а има­ат тра­ди­ци­о­нал­на јуж­но­а­ме­ри­кан­ска бор­бе­ност. Мно­гу ва­жен сег­мент е на са­ми­от по­че­ток да ја раз­би­е­ме зо­на­та на Чи­ле­ан­ци­те, би­деј­ќи на дру­ги­от крај на те­ре­нот те­шко ќе мо­жат да ја раз­би­јат на­ша­та гра­нит­на од­бра­на 6-0.

Уба­ва шан­са за Ма­на­сков и за Ге­ор­ги­ев­ски да се раз­и­гра­ат, а на­ши­те гол­ма­ни да ја до­би­јат по­треб­на­та са­мо­до­вер­ба. И ед­ни­те и дру­ги­те ќе ни би­дат по­ве­ќе од по­треб­ни на след­ни­те нат­пре­ва­ри. Кон­цен­три­ра­но и со сту­де­ни гла­ви оче­ку­ва­ме ус­пе­шен по­че­ток за за­гре­ва­ње на ат­мо­сфе­ра­та во Ма­ке­до­ни­ја. Се­пак, Мир­ку­лов­ски, Мој­сов­ски, Ла­за­ров и пре­о­ста­на­ти­те се прем­но­гу искус­ни.

       katarКа­тар за ве­ри­фи­ку­ва­ње на ос­ми­на­фи­на­ле­то.

Бо­га­ти­те на­фта­ши од Ка­тар одам­на вло­жу­ва­ат во спор­тот и го сме­та­ат за нај­до­бра за­ба­ва за на­ро­дот што жи­вее во со­ци­ја­лен мир. Ше­и­кот Ал Та­ни ве­ќе го ку­пи спорт­ско­то друш­тво ПСЖ во кое спа­ѓа и ра­ко­мет­на­та сек­ци­ја и на го­ле­мо пра­ви еки­па за са­ми­от трон на европ­ски­от клуп­ски ра­ко­мет. Ка­тар ја до­би ор­га­ни­за­ци­ја­та за след­но­то СП, на кое мо­же да оче­ку­ва­ме спе­ктакл, до­ве­де бал­кан­ски тре­нер и поч­на да де­ли па­со­ши на стран­ски игра­чи…

На­кра­тко, во ни­кој слу­чај не смее да се пот­це­ни из­во­нред­но под­го­тве­на­та ази­ска се­лек­ци­ја, ко­ја ве­ќе не­кол­ку го­ди­ни е вто­ра ре­пре­зен­та­ци­ја на нај­на­се­ле­ни­от кон­ти­нент на све­тот. Ти­пич­но за та­ков тип се­лек­ции, ќе би­дат до­сад­ни и ќе игра­ат мно­гу, ама мно­гу агре­сив­но во од­бра­на­та. Тех­ни­ка­та не е нив­на сил­на стра­на, а не­дис­цип­ли­на­та во игра­та е нив­ни­от за­шти­тен знак.

Се­ле­кто­рот од Сло­ве­ни­ја, Бо­рут Ма­чек, ќе не­ма проб­лем да ја ске­ни­ра на­ша­та игра, но кол­ку ќе мо­жат тоа да го ап­сор­би­ра­ат не­го­ви­те пу­ле­ни ќе ви­ди­ме нај­до­бро утре. Ка­ко про­тив та­ква­та игра на Ка­тар? Во на­па­дот клуч­на уло­га ќе има­ат на­ши­те круж­ни на­па­ѓа­чи во со­ра­бо­тка со На­ум Мој­сов­ски и со Ки­рил Ла­за­ров и ако тоа про­функ­ци­о­ни­ра, по­на­та­му сѐ ќе би­де по­лес­но. На­ши­те кри­ла тре­ба да че­ка­ат шан­са од втор план, да вле­гу­ва­ат на втор пи­вот и на тој на­чин да ја спу­шта­ат агре­сив­на­та од­бра­на на не­у­мор­ни­те ка­тар­ски ре­пре­зен­та­тив­ци.

Од­бра­на­та ве­ро­јат­но во фор­ма­ци­ја 6-0 ќе би­де пре­ви­со­ка за про­тив­ни­кот и оче­ку­ва­ме со мно­гу кон­три и по­лу­кон­три да си ја олес­ни­ме ра­бо­та­та око­лу крај­ни­от по­бед­ник и плас­ман во ос­ми­на­фи­на­ле­то.

Плас­ма­нот ме­ѓу 16-те нај­до­бри на ова СП е са­мо по­че­ток на тоа што си­те го по­са­ку­ва­ме, а тоа е пре­ку по­ле­сен про­тив­ник да вле­зе­ме до тол­ку по­са­ку­ва­но­то че­тврт-фи­на­ле. За тоа да се слу­чи, ќе тре­ба по па­у­за­та од еден ден да до­би­е­ме еден „ка­пи­та­лец“, ка­ко Дан­ска, Ис­ланд или Ру­си­ја, или, пак, си­те три.

Ква­ли­тет има­ме. Со мал­ку сре­ќа и хра­брост сѐ е мож­но.

Авто­рот е по­ра­не­шен ма­ке­дон­ски ре­пре­зен­та­ти­вец.

252093_521538464543677_825793850_n_resize

Прочитано 569 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 2