Топ Вести

Одличен старт на Металург 2, кој го совлада тимот на Прилеп.

16.09.2017 21:23
_DSC0071_resize

Со средбата Металург 2 – Прилеп, денеска официјално почна новата сезона во ракометното првенство на Македонија.

Металург 2, кој оваа сезона е драстично подмладен и всушност е спој од дел од ланската екипа и од нашиот кадетски тим, денеска прикажа одлична игра и ја совлада екипата на Прилеп, со резултат 31:28 (17:15).

Нашите млади ракометари беа подобриот противник и го контролираа резултатот во најголем дел од средбата, а гостите од Прилеп забележаа само едно водство и тоа во самата завршница на натпреварот. Сепак, Шилегов и Серафимов, кои заедно постигнаа 19 гола, во пресудните моменти не дозволија спортска неправда и го однесоа Металург 2 до првата сезонска победа и до првите три бодови.

Овој натпревар е и официјално деби на Никола Матлиески на клупата на Металург 2.

Металург 2 – Прилеп  31:28 (17:15)

Металург 2: Тодоров, Трајковски, Мелоски 4, Младеновиќ 3, Кофиловски, Арсеновски 5, Гошевски, Костески, Шилегов 10, Филиповски, Лембанов, Додиќ, Ристовски, Даниловски,  Серафимов 9 и Божиновски.    Седмерци: 3/3.   Исклучувања: 10 минути.

Прилеп: Тодоровски, Шајин 4, Ѓоргиевски 5, Петкоски 9, Вешоски 4, Спасевски, Јовановски, Шокоски, Амзоски, Бозароски 1, Ивчески, Јанчев 3, Нешкоски, Рајатовски 2 и Јанески.    Седмерци: 2/5.   Исклучувања: 6 минути.   Црвен картон: Јанчев 48 минута.

Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје.

Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

Прочитано 567 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 2