Топ Вести

Одличниот Металург беше на чекор од победа над Вардар

20.05.2017 21:19
kup-vardar-metalurg-18_resize

Полуфиналната куп-средба меѓу Металург и Вардар мина во драматична и крајно рамноправна борба во која двете екипи имаа по едно полувреме и подеднаква шанса за победа. Сепак, Вардар и овој пат имаше повеќе среќа и минимално го порази тимот на Лино Червар, со резултат 31:30 (17:14). Ова беше петти дуел на двата најдобри македонски ракометни колективи во сезона 2016/17 и четврта која заврши со многу тесна победа на еден од  двата тима. Овој натпревар исто така покажа дека убедливиот пораз на Металург во “Јане Сандански“, во рамките на домашното првенство, беше само еден лош ден на Металург.

Во првото полувреме контрола врз играта и врз резултатот имаше Вардар, кој имаше постојано водство, но никогаш превисоко и никогаш недостижно. Металург во четири наврати успеваше да израмни, а испушти можност и самиот да стекне минимална предност. Првите 30 минути ги доби Вардар со резултат 17:14. Огромен хендикеп за нашиот тим беше директниот црвен картон за нашиот најдобар играч и стрелец Немања Обрадовиќ, кој е исклучен уште во 15. минута, поради приговор.

Во вториот дел видовме еден поинаков, амбициозен и опасен Металург, кој многу брзо ја достигна предноста на противникот, а потоа конечно стекна и водство. Во овој период се разбрани и нашиот голман Арсиќ, што веднаш даде резултат. Скоро цело второ полувреме мина во знакот на Металург, кој водеше и со по два гола разлика и кој имаше предност се до пет минути до крајот, кога Вардар, благодарејќи му на фантастичниот Штербик, конечно се врати во водство. Во последните 40 секунди топката ја имаше Вардар, а Металург не доби шанса да изведе свој напад и да се обиде да го израмни резултатот.

Навистина штета, бидејќи нашите ракометари повторно покажаа дека во една дерби-пресметка, можат доволно да се мотивираат и да се носат со моќниот Вардар – учесник на фајналфорот во Лигата на шампионите.

 

Вардар – Металург  31:30 (17:14)

Вардар: Штербик, Милиќ, Стоилов, Недановски, Македа 3, Карачиќ, Душебаев 1, Канељас, Циндриќ 3, Дибиров 8, Шишкарев 7, Борозан 9 и Марсениќ.    Седмерци: 2/2.   Исклучувања: 2 минути.

Металург: Арсиќ, Томовски, Петров 4, Дрогришки, Младеновиќ 2, Костески, Вејин 1, Обрадовиќ 3, Кузмановски 4, Илиќ 7, Печенковски, Велковски, Пешевски 5, Марчец 1, Јусефинеџад и Гуглета 3.   Седмерци: 4/6.   Исклучувања: 6 минути.   Црвен картон: Обрадовиќ.

Судии: Начевски Ѓорѓи и Николов Славе од Скопје.

Делегат: А.Николовски/Д.Папуџиев од Скопје.

Прочитано 6.605 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 5