Топ Вести

ОДРЕДЕН Е СОСТАВОТ НА ГРУПИТЕ ВО Л.Ш.

28.06.2011 14:10
zdrepka_ehf_resize

По вчерашното извлекување на квалификационите групи, денес во Виена се одредени и групите во Л.Ш. Под услов да ги минат квалификациите, нашите екипи ќе настапат во група “Ц“ (РК Металург) и група “А“ (ЖРК Металург).

Еве го составот на групите кај мажи:

Во „А“ групата се: Барселона (Шпанија), Загреб (Хрватска), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија), Шамбери (Франција), Босна (БиХ) и победникот на квалификациите од групата 2.

Во „Б“ групата беа извлечени: Чеховски Медведи (Русија), Веспрем (Унгарија), Сиудад Реал (Шпанија), Берлин (Германија), Силкеборг (Данска) и победникот на турнирот на екипи кои играат со „вајлд карта“.

Во групата „Ц“: Хамбург (Германија), Копер (Словенија), Констанца (Романија), Ст.Петерсбург (Русија), Висла Плок (Полска) и победникот на квалификациите од група 3.

„Д“ групата ја сочинуваат: Монпеље (Франција), Копенхаген (Данска), Кил (Германија), Адемар Леон (Шпанија), ПИК Сегед (Унгарија) и победникот на групата 1 од квалификациите.

Почетокот на натпреварите во групите е на 28 септември.

Еве го и составот на групите кај жените:

Во групата „А“: Митјиланд (Данска), Будуќност (Црна Гора), Турингер (Германија) и победникот на квалификационата група 2.

Во „Б“ групата се екипите на: Ларвик (Норвешка), Крим (Словенија), Подравка (Хрватска) и победникот на квалификациона група 1.

Групата “Ц“ ја сочинуваат: Ѓер (Унгарија), Хипо (Австрија), Мец (Франција) и победникот на квалификационата групата 4.

Во „Д“ групата ќе играат: В‘лчеа (Романија), Ичако (Шпанија), Волгоград (Русија) и победникот на квалификационата групата 3.

Почетокот на натпреварите од групната фаза кај дамите е на 1 октомври.

Прочитано 822 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 2