Топ Вести

Охрид испиша историја и обезбеди продолжување на евросезоната

03.09.2017 21:47
????????????????????????????????????

Во својот дебитански настап во европските натпреварувања, екипата на Охрид го доби двомечот со холанскиот Волендам и се пласираше во второто коло на ЕХФ Купот, каде за противник ќе го има Порто.

По вчерашниот нерешен резултат од првата средба, Охрид денеска одигра драматичен натпревар и успеа да слави минимална победа, со резултат 24:23 (13:10).

Во второто коло Охрид ќе му се спротивстави на тимот на Порто, а, според најавите, двете средби ќе се одиграат во Португалија. Победникот од овој двомеч ќе обезбеди настап во третото коло, кое е последен филтер пред групната фаза во ЕХФ Купот, второто по квалитет европско натпреварување.

Прочитано 2 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 3 =