Топ Вести

“Паричен допинг“ ќе ги стимулира Германците на ЕП во Хрватска

11.01.2018 15:39
Berlin, 24. Oktober 2017. Die Handballer der deutschen Männer-Nationalmannschaft absolvieren eine Trainingseinheit in der Lilli-Henoch-Halle in „Füchse Town“, dem Trainingszentrum der Füchse Berlin.

Германија, која е актуелен бранител на европската титула освоена во 2016 година во Полска, е подготвена финансиски да ги стимулира своите ракометари во обидот да стигнат до нов златен медал на европските првенства.

Имено, Ракометната Федерација на Германија објави дека секој германски репрезентативец ќе добие по 250000 евра, ако се освои златниот медал. Тоа е истата сума што беше доделена и за златото од Полска, но тогаш во нејзе влегуваа и средствата од спонзорските договори, кои сега дополнително ќе го зголемат наградниот фонд.

За среброто Германците ќе бидат наградени со по 200000 евра, а за бронзата со по 150000 евра.

Германија е дел од групата “Ц“ на групната фаза, заедно со Македонија, Црна Гора и со Словенија. Германија е нашиот последен противник во групната фаза и оваа средба ќе се игра на 17 јануари, со почеток во 18.15 часот.

Прочитано 310 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + = 12