Топ Вести

Пелистер е победник на меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

27.08.2017 20:57
21125379_1422306491158180_2043828582247049488_o

Во Прилеп заврши третото издание на меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“.

Победник на турнирот е екипата на Пелистер, која оствари максимални три победи, против Борец, Прилеп и, денеска, против Тинекс Пролет. Второпласирана е екипата на Тинекс Пролет, која ги совлада Прилеп и Борец, трета е екипата на Борец, која денеска го совлада Прилеп, а последен е тимот на домаќинот – Прилеп.

За најдобар играч на турнирот е прогласен Васко Андоновски од екипата на Тинекс Пролет, најдобар стрелец е Јане Јанчев од Прилеп, а за најдобар голман е прогласен Милош Рајчиќ од екипата на Пелистер.

Прочитано 2 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 2 = 4