Перфектна партија на Металург

12.12.2017 19:48
MJI_8492_resize

Металург одигра одличен натпревар против екипата на Динамо Панчево, во рамките на 11. коло на СЕХА-лигата. Овој наш последен домашен натпревар во 2017 година го добивме со убедливи осум гола разлика, иако во еден наврат имавме и максимални 12 гола предност.

Металург од самиот почеток беше мотивиран и амбициозен и прикажа беспрекорна и ефикасна игра во нападот, кој денеска беше подобриот дел од нашата игра. Веќе во 14. минута имавме комотни пет гола разлика, 9:4, која постепено се искачи на девет гола, до крајот на првото полувреме.

Откако во првото полувреме го решивме победникот, во второто продолживме со добрата игра и веќе во 50. минута ги достигнавме највисоките 12 гола предност, 31:19. Последните десетина минути Металург ги одигра со својата најмлада постава, а противникот тоа го искористи и ја намали високата негатива до -8. Ова беше еден од најдобрите натпревари на Металург во тековната сезона и мина без поголеми осцилации, кои не следеа на претходните натпревари во СЕХА-лигата и во Лигата на шампионите.

Инаку, натпреварот имаше и хуманитарен карактер. Приходот од продажбата на билетите од натпреварот беше наменет за операција за Борче Јовановски (16), кој мора итно да замине во странство за операција на трансплантација на коскена срж. Борче боледува од ретка генетска болест, Бета Таласемија, и неговата здравствена состојба се влошува, поради што е потребно да замине на лекување во странство.

_DSC0113_resize

До календарскиот крај на 2017 година ни преостана уште гостинската средба кај екипата на Нексе, која на програмата е на 17 декември, со почеток во 20.30 часот.

.

Металург – Динамо Панчево  33:25 (22:13)

Металург: Арсиќ (1 одбрана), Томовски (8 одбрани), Јагањац 10, Токиќ 2, Танкоски 1, Серафимов 1, Кузмановски 7, Илиќ 2, Анџелиќ 2, Велковски 2, Пешевски 2, Палевски 1, Гуглета 3, Димитриевски, Лазаревски и Арсеновски.    Седмерци: 4/5.    Исклучувања: 4 минути.

Динамо Панчево: Петровиќ (5 одбрани) 1, Радовановиќ (2 одбрани), Жујовиќ 2, Пилиповиќ 3, Буњевчевиќ 3, Радановиќ 2, Јелиќ 2, Мирковиќ 3, М.Павловиќ 1, Л.Павловиќ, Дистол 2, Баруџиќ 2, Славуљица, Бандука 2 и Сапоњиќ 2.    Седмерци: 5/7.    Исклучувања: 4 минути.

Прочитано 740 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + = 14