Топ Вести

Пешевски: Добра одлука беше да останам во Металург

16.08.2017 22:31
20906953_10154633458581644_520400873_o

Жарко Пешевски е еден од нашите најдобри ракометари, а со своите настапи остави и одличен впечаток на тукушто завршениот традиционален турнир во Струга.

Своето задоволство од сопствената одлука да остане во Металург Пешевски го изрази во изјавата дадена за порталот Гол.мк, во која вели:

Ова е трета година по ред на овој нов Металург. Нозете уште ни се тешки, па резултатите не ни се во преден план, но секој натпревар пред домашната публика е добредојден. Мислам дека добра одлука беше да останам во Металург. Приврзан сум со клубот, се надевам дека финансиската состојба ќе биде подобра. Имаме светла иднина пред нас. Верувам дека оваа сезона ќе биде подобра од минатата. Ни фалат многу ракометари, Обрадовиќ и Талески си заминаа, но верувам дека ќе дојде уште некое засилување и ќе бидеме повторно конкурентни“.

Извор и фото: Гол.мк

Прочитано 2.016 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 5