Топ Вести

ПИОНЕРИТЕ НА МЕТАЛУРГ ГО СОВЛАДАА ИЛИНДЕН ВАРДАР НА НЕГОВ ТЕРЕН

30.03.2015 10:08
_DSC0182_resize

za tekst

Во првото коло на пролетниот дел на првенството, нашите пионери гостуваа кај екипата на Илинден Вардар и победија со резултат 26:8 (11:4).

Победата е убедлива и ниту во еден момент не е оспорувана. Веќе по првата половина од средбата имавме предност од седум гола, која на крајот се зголеми и на цели 18.

Трајкоски, Митиќ, Ристовски и Ников дадоа по три гола за нашиот тим.

До крајот на првенството останаа уште четири кола, а во претходните шест нашите момчиња забележаа шест чисти победи.

Илинден Вардар – Металург  8:26 (4:11)

Металург: Богдановски, Тодоров 2, Ангеловски 2, Меловски 2, Трајкоски 3, Кофиловски 1, Новокмет 1, Јовановски 2, Кондев 1, Божиновски, Митиќ 3, Петревски 1, Ристовски 3, Василевски, Серафимов 2 и Ников 3.

Прочитано 533 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 4