Топ Вести

Пионерите на Металург славеа во Гостивар

21.10.2017 16:54
22766326_819758518186157_87591473_o

Во 5. коло на пионерското првенство на Македонија, група 2, пионерите на Металург извојуваа значајна победа во Гостивар, каде го совладаа истоимениот клуб со резултат 21:31 (14:12). Тоа беше интересен натпревар со две различни полувремиња, кој на крајот заврши со убедлива победа на момците од Автокоманда.

Иако се водеше жестока и рамноправна битка, првото полувреме сепак му припадна на тимот на Гостивар, кој, заедно со екипата на Аеродром, е водечки во нашата група 2. Гостивар имаше водство во најголемиот дел од првото полувреме, па заслужено со предност влезе во вторите 20 минути.

Во вториот дел, предност на домашниот состав заврши при резултат 16:16, а потоа дојде до израз сиот квалитет на нашите пионери, кои го декласираа противникот и второто полувреме го добија со предност од дури 12 гола, што е вистински подвиг, знаејки дека пионерите играат полувремиња од само 20 минути.

Ова е трета победа на нашите пионери во низа.

.

ГРК Гостивар – РК Металург  21:31 (14:12)

ГРК Гостивар: Димитриески, Стојаноски, Стојкоски 1, Рафајлоски 7, Трифуноски 4, Стојчески 4, Лазарески 1, Вељановиќ, Груевски, Бошковски 2, Павлоски, Селмани 2, Сејфулаи, Џафери, Тасески, и Ефтоски..    Седмерци: 2/2.   Исклучувања: 8 минути.

РК Металург: Анѓеловски, Петровиќ, Тотиќ 4, Трајановски 1, Филиповски, Тасески 1, Гилев 2, Стојановски 2, Брестовац, Субашевски 3, Ангеловски, Петковски 9, Таневски, Василевски, Јазаџиев 5 и Димковски 4.    Седмерци: 3/3.   Исклучувања: 2 минути.

Судии: Кимовски Благоја и Михајлов Блаже.

Делегат: Локвенец Златко.

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 4