Топ Вести

ПИОНЕРИТЕ НА МЕТАЛУРГ ВТОРИ ВО МАКЕДОНИЈА

24.05.2015 20:35
DSC_0082_resize

za tekst

Нашите пионери го освоија второто место на вчерашниот фајналфор одржан во Радовиш.

Најпрво, во полуфиналето тие ја совлада екипата на домаќинот Радовиш, со резултат 21:17 (9:8), но потоа потклекнаа во финалната средба против Јуниор од Струга, од кого загубија со резултат 18:20 (7:7).

За жал, на својата последна средба во сезоната нашите пионери го одиграа својот најслаб натпревар, во кој ама баш ништо не им појде од рака.

Металург на овој турнир настапи во следниот состав: Богдановски, Тодоров, Трајковски, Меловски, Кофиловски, Новокмет, Јовановски, Мартин Божиновски, Митиќ, Ангеловски, Марко Божиновски, Петрески, Ристовски, Василевски, Серафимов и Максимовиќ.

Нашите пионери освоија и неколку индивидуални награди:

МВП на турнирот е нашиот Серафимов Мартин.

Најдобар стрелец е Серафимов Мартин, со 16 постигнати гола.

Најдобар десен бек е Серафимов Мартин

Најдобро десно крило е нашиот Димитар Ристовски.

Прочитано 1.195 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 1