Топ Вести

Плејофот во првенството на Македонија го почнуваме со дерби средбата со Вардар

28.03.2017 18:25
GIL_75256_resize

Денеска во РФМ се извлечени двојките за првото коло во плејоф и плејаут фазите на првенството на Македонија, а наши први противници се екипате на Вардар и на Вардар Јуниор.

Средбата Металург – Вардар се игра во Автокоманда, в петок (31.03.2017 г.), со почеток во 18 часот. Реванш средбата со екипата Вардар ќе се одигра во рамките на 6. коло, на 29/30 април во СЦ “Јане Сандански“.

Во второто коло Металург му гостува на Пелистер, во третото е домаќин на екипата на Охрид, во четвртото, пак, гостуваме кај Борец, а во петтото ќе ја дочекаме екипата на Еурофарм Работник.

 

Еве ги и двојките за првото плејоф-коло:

 

Охрид – Еурофарм Работник

Борец – Пелистер

Металург – Вардар

 

Овој викенд ќе се играат и натпреварите од првото коло во плејаутот за опстанок во елитната лига. Металург 2, во рамките на првото коло, ќе и гостува на екипата на Вардар Јуниор. Оваа средба се игра в сабота (01.04.2017 г.) во СРЦ “Кале“, со почеток во 18 часот. Во второто коло Металург 2 игра дома против екипата на Пролет, во третото коло гостуваме во Радовиш, во четвртото коло дома ќе го дочекаме тимот на Работнички, а во петтото коло одиме во Прилеп.

Инаку, Металург 2 натпреварите во плејаутот ги стартува со 15 бода и е на четвртото место. Два бода помалку има токму екипата на Вардар Јуниор, а последен е тимот на Работнички, кој засега е без освоен бод.

 

Еве ги и двојките за првото плејаут-коло:

 

Вардар јуниор – Металург 2

Радовиш – Работнички

Прилеп – Пролет

Прочитано 4.730 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 2 = 10