Топ Вести

Победи Вардар, но аплаузите ги собра Металург

25.05.2016 19:59
GIL_3269_resize

Пред малку заврши втората пресметка меѓу Металург и Вардар во рамките на плејофот на македонското првенство. Првата средба во Јане Сандански ја загубивме со четири гола разлика, ја загубивме и денешната, сега со три гола, но во двете јасно покажавме дека веќе можеме рамноправно да се носиме со фаворизираниот состав на Вардар.

Противникот ја потврди својата титула, но сите аплаузи ги собра Металург, кој јуначки му се спротистави на четврт-финалистот во Лигата на шампионите. Денешната средба секако ги израдува љубителите на ракометот, кои видоа дека големото македонско и балканско дерби полека се враќа на нивото од пред две години, а разликата во квалитетот и искуството меѓу двата тима во иднина ќе бидат се помали и помали.

Во сите 60 минути бевме рамноправни, без разлика на постојаното водство на нашиот противник. Всушност средбата ја решија Штербик, кој денеска беше во елемент, и грешките и избрзаните удари на нашите ракометари во одредени периоди од средбата, а Вардар и овој пат беше доволно искусен да го искористи сето тоа.

Металург го загуби првото, но го доби второто полувреме, во кое за момент дојдовме на само два гола растојание од резултатот на Вардар, но токму тогаш направивме неколку избрзани грешки, па Вардар успеа да се извлече од таа ситуација.

Во нашите редови го имавме најдобриот ракометар на денешната средба, младиот Филип Талески, кој беше единствениот кој го надигра Штербик, кому му даде дури девет гола, што на искусниот голман одамна му се нема случено.

Оваа сезона полека завршува, а веќе следната очекуваме дека работите значително ќе се променат и дуелите со Вардар ќе завршуваат и со поинаков исход.

Металург – Вардар  21:24 (8:12)

Металург: Дупјачанец, Томовски, Петров, Мраковчиќ 1, Маџовски, Божовиќ 5, Костески 1, Матиќ, Вујовиќ, Бувиниќ 1, Кузмановски, Кукоски, Крстевски, Талески 9, Пешевски 2 и Палевски 2.   Седмерци: 2/5.     Исклучувања: 6 минути.

Вардар: Штербик, Стоилов 1, Тоскиќ 2, Манасков 3, Милиќ, Македа 1, Деревен, Карачиќ 5, Душебаев 5, Лазаров 1, Циндриќ 2, Ангелов, Дибиров, Горбок 3, Шишкарев 1 и Марсениќ.    Седмерци: 1/3.     Исклучувања: 4 минути.

Судии: Начевски Ѓорѓи и Николов Славе од Скопје.

Делегат: Металари/Николовски од Скопје.

в

Прочитано 4.023 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + = 8