Топ Вести

Почина поранешниот претседател на Металург Трајан Блажевски

21.08.2016 18:15
21082016165538_web_ракометар

По кратко боледување, во 65-та година од животот почина поранешниот претседател на ракометниот клуб Металург, Трајан Блажевски. Блажевски како исклучително посветен спортски и ракометен работник остави длабока трага во националниот ракомет и клупските успеси на Металург. Како директор на ПП „Огномак“-Скопје, во 1992 година даде нов импулс на развојниот пат на РК Металург, потпишувајќи договор за финансиско покровителство со компанијата што самиот ја раководеше, по што тимот од Автокоманда го доби името „Огномак-М“. Во наредните пет години (до 1997 г.) Блажевски беше претседател на клубот. РК Металург, членовите на управата, вработените и навивачите му оддаваат последен поздрав на човекот што во својот животен век се вгради себеси како неразделен дел од историјата на нашиот најуспешен македонски ракометен клуб и ќе се сеќаваат на него и во иднина, во миговите на спортска среќа, тага, радост и слава.

Со почит, РК Металург

Прочитано 5.964 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + = 7